| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е духовниот водач на Ноле: Велат дека е како „водач на секта“ и има огромно влијание (видео)!

Британскиот „Дејли мејл“ се осврна на Новак Ѓоковиќ и Хозе Пепе кој некогаш беше тенисер. Пишуваат дека духовниот водач паднал под некои чудни влијанија и дека шири идеи кои наликуваат на секташки.
Исто така наведуваат дека Новак од теренот комуницира со посебни симболи со Имаз.
Имаз, како што наведуваат медиумите, го научил Ѓоковиќ дека тајната се крие во срцето и во долгите прегратки. Кога Ѓоковиќ го победи Мареј во финалето на Ролан Гарос, шампионот нацрта срце на теренот, а тоа е токму симболот што го фаворизира Имаз. Новак оваа година почна да ги слави победите така што ги доближува дланките на градите, а потоа ги испружува кон трибините. Тоа е исто така, како што наведуваат, потез на кој го научил Имаз, а кој во себе нешто крие.
Снимките од трибините на кои Имаз држи предавања покажуваат дека цела група луѓе кои се присутни мижат, медитираат и молчат извесно време…
Се шпекулира дека Имаз е поврзан со некои виши сили, но некои велат дека  тоа се празни приказни само за да му се напакости на Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top