енНесреќна и незадоволна жена е тема на многу списанија, терапевтски сеанси, женски разговори… Каков совет да и дадеме на пријателката, другарката, жената или девојката која не сака да биде лиценцирана како несреќна жена?
Отсекогаш постојат тешки задачи кои ги следат жените низ растењето и животот. Да се биде жена не е лесно
Кога ќе се родиш, ти си принцеза во куќата. Кога ќе проговори – баш си слатка, кога ќе тргнеш на училиште ти велат вредно да учиш бидејќи не е добро да бидеш непослушна. Ќе дојде пубертетот и веднаш доаѓаат критиките: подолго здолниште, дојди дома до 22 часот, немој некој од соседите да те види како се бакнуваш со некого, тренирај нешто, ако не сакаш да учиш – почни да работиш. На факултет – пази со кого се дружиш! Кога ќе најдеш работа, е сега може да се мажиш! Ќе се омажиш и тогаш се од почеток!
Тогаш сфаќаме дека цел живот правиме нешто што другите го очекуваат од нас и стануваме хендикепирани за она што го сакаме. Одеднаш сфаќаме дека сме незадоволни. А незадоволството е како вирус, се шири на секое здраво ткиво. Сфаќаме дека првите 30 години сме ги подредиле на други (некои тоа го сфаќаат многу подоцна), почнуваме да паничиме и се „тресеме“ на други. А бесот на една незадоволна жена е како крик на лавот во дивина. Бегајте додека не ве изеде!
Општеството ни ја наметна фразата „жена-змеј“. Тоа е успешна жена на сите полиња, жена која разбира, може, работи и се знае. Во случај некоја нешто ако не успее да исполни, тогаш паѓа во очај и станува незадоволна и несреќна. А резултатот е следен: прекинување на врската, пријателствата, караници со семејството, слаби резултати на работа, погрешни избори, развод, очај, депресија…
Затоа на сите жени им советувам секој ден да застанат пред огледало и да се прашаат што ги прави среќни. Само така може да дојдат до резултат. Бидете свесни за своите квалитети. Сакајте се себе. Не е тоа фраза, тоа е вистина! Бидејќи сите несреќни и незадоволни жени имаат малку љубов за себе, а со тоа и малку волја нешто да сменат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст