
Един Џеко конечно почна редовно да ги оправдува очекувањата на управата и на навивачите на Рома откако босанскиот ас се промовираше во еден од лидерите на „волчицата“ оваа натпреварувачка сезона. Впрочем, Џеко беше во главна улога и на вечерашниот дуел против Сасуоло, на кој Рома со пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 1-3 и ја задржа негативата од само два бода зад Јувентус. Откако Сасуоло го заврши првиот дел со водство од 1-0, Џеко со два гола направи пресврт пред Наинголан да ги постави конечните 1-3.
Јувентус стигна до планирани бодови со победата од убедливи 4-1 над Сампдорија. Мечот беше решен по неполни десет минути, откако „старата дама“ поведе со 2-0 преку Манџукиќ и Кјелини. Самп намали на 2-1, но следеше експпресен одговор на шампионот, кој преку Пјаниќ и Кјелини.
Франк де Бур доби „простор за дишење“ во Интер откако неговиот тим славеше со 2-1 над Торино. Капитенот Икарди беше стрелец на двата гола за „нероаѕурите“, но мора да се потенцира дека на оној првиот му претходеше огромна грешка на гостинскиот голман Џо Харт.
Резултати Италија:
Киево – Болоња 1-1, Интер – Торино 2-1, Лацио – Калјари 4-1, Јувентус – Сампдорија 4-1, Сасуоло – Рома 1-3, Пескара – Аталанта 0-1, Наполи – Емполи 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


