| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на ерата на Мило: Ѓукановиќ ги напушта сите државни функции

milo-dukanovic-foto-fonet-1445689719-726211

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги напушта сите државни функции, а на премиерското столче, доколку Демократсктата партија на социјалистите добие мандат за состав на владата, ќе го замени високиот функционер од партијата Душко Марковиќ

Главниот одбор на ДПС денес треба да одлучи за предлогот Марковиќ да бида кандидат за мандатар на новата црногорска влада по парламентарите избори кои беа одржани на 16 октомври.

Кандидатурата на Марковиќ била утврдена на синоќешната седница и тоа не ја изненадило црногорската јавност, иако Ѓукановиќ во текот на предизборната кампања не се изјасни за својата државничка кариера.

Ѓукановиќ досега два пати ја напушти премиерската функција, но два пати и се враќаше, како што тогаш објасни, поради политички потреби затоа што оценил дека неговото искуство и понатаму е неопходно за важните државни задачи.

vec

Овој пат нема сомнеж дека Ѓукановиќ си заминува од државните функции иако има и такви мислења кои велат дека би можел да се кандидира за претседател на Црна Гора на изборите во 2018 година.

Инаку на изборите на 16 октомври, ДПС доби 36 пратенички мандати, но партијата не може сама да формира влада. Затоа се смета на „природните партнери“, партиите кои во црногорскиот парламент ги застапуваат интересите на малцинските заедници. Со нивните 4 пратеници и два од Социјалдемократите на Црна Гора, кои сигурно ќе прифатат коалиција, ДПС ќе го има мнозинството пратеници – 42 места од 81 колку што брои црногорското собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top