| четврток, 6 декември 2018 |

Прво се искарал со соседот, па удрил на полицијата – приведен препијан скопјанец

Вчера околу 16.30 часот во ЕИК Скопје, Д.Т. од с.Долно Соње, скопско, пријавил дека соседот З.Т. (38) го вознемирувал.

Полициски службеници од ПС ОН Кисела Вода излегле на местото на настанот, каде го пресретнале З.Т. кој почнал да бега. Едниот полициски службеник успеал да го стигне, но истиот му задал удар со тупаница во пределот на градите. За кратко време З.Т. бил совладан и приведен во полициска станица, каде му бил направен алкотест и констатирани му биле 2,23 промили алкохол во крвта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Фото:илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top