Лажен „фејсбук“ статус во кој се заканува со јавна објава на сите приватни фотографии и пораки на корисниците, повторно се појави на оваа социјална мрежа, пишува „Гардијан“.
Станува збор за статус и сите негови варијации кои датираат уште од јуни 2012 година и од тогаш периоднично се појавуваат во „њузфид“ на корисниците кои од страв го споделуваат, а тоа е голема грешка.
Нема правен аргумент овој статус кој се појавува, иако во него се цитираат одредени закони.
Точниот текст на спорниот статус гласи вака:
“Deadline tomorrow !!! Everything you’ve ever posted becomes public from tomorrow. Even messages that have been deleted or the photos not allowed. It costs nothing for a simple copy and paste, better safe than sorry. Channel 13 News talked about the change in Facebook’s privacy policy. I do not give Facebook or any entities associated with Facebook permission to use my pictures, information, messages or posts, both past and future. With this statement, I give notice to Facebook it is strictly forbidden to disclose, copy, distribute, or take any other action against me based on this profile and/or its contents. The content of this profile is private and confidential information. The violation of privacy can be punished by law (UCC 1-308- 1 1 308-103 and the Rome Statute). NOTE: Facebook is now a public entity. All members must post a note like this. If you prefer, you can copy and paste this version. If you do not publish a statement at least once it will be tactically allowing the use of your photos, as well as the information contained in the profile status updates. DO NOT SHARE. Copy and paste.”
Законот и статутот кои се спомнуваат немаат никаква врска со авторското право. Римскиот статут служи како правна рамка за Меѓународниот кривичен суд кој исклучиво се занимава со геноцид, злосторство против човештвото и воени злосторства.
Ако сте ја објавиле пораката, избриште ја и на своите пријатели пишете им дека ништо не е точно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.