Денес се одржува панел-дискусија – 160.000 нови работни места, (низ призмата на нови работни места, економија, инвестиции, вработувања, земјоделство, инфраструктура), најавуваат од партијата.
Прв се обрати вицепремиерот Владимир Пешевски, кој говореше за поволната бизнис-клима во Македонија и за тоа дека за да се постигнат успесите што ги имаме денес била спроведена макотрпна работа.
-Главната цел на секоја држава е да постигне што поголем степен на вработеност и економски пораст. Никаде нема да најдете едноставно решение како да се стигне до таа цел, проблемот е сложен. Во суштина се сведува на многу работа, знаење и посветеност. Суштината е и во карактерот на луѓето кои се занимаваат со економската политика. Суштината е креирање инвестиции. Не е едноставно да создадеш поволна инвестициска клима. Треба да се детектираат проблемите и да се работи на подобрување на инвестициската клима. Ние со години работиме на многу фронтови. Не постои едноставно решение. Има многу аспекти и психолошка и кадровска политика, како и законски решенија. Капиталот, инвестициите бараат стабилно опкружување. Капиталот најмногу бара сигурност или предвидливост на тоа што ќе се случува. Од тие причини, бевме прво посветени на макроекономската стабилност. Секоја одговорна влада треба тоа да го има како императив. Потребно е стабилно опкружување, кое носи инвестиции – истакна Пешевски.
Намалувањето на даноците, секако е еден од клучните чекори што доведоа до успех.
-За Македонија во 2006 година кога инвестициите стагнираа, беа потребни стимулативни мерки. Рамниот данок и намалувањето на данокот значи отворање на белите дробови да вдишат капитал. Се покажува дека дава резултат. Макроекономско опкружување е многу важно, значајна е даночна политика, бизнис клима е важна. Привлекување на странски инвестиции и креирање на поволна клима за домашните компании исто така е многу важно. Сите овие мерки заедно мора да се гледаат комплементарно, да се работи посветено, да се вклучат сите чинители за да може да се креира поволна клима. Ефектите се последица на многу мерки и политика, истакна вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)