| четврток, 6 декември 2018 |

Саше Политико се ожени со својата 20-годишна девојка

Новинарот и водител Саше Ивановски, попознат како Саше Политико или Аналитико, по едногодишна врска, синоќа стапи во брак со 20-годишната скопјанка Марина Лазаревска.

Тој неодамна во интервју за порталот „Либертас“ се пофали и дека наскоро ќе стане татко.

– Можеби на професионален план имам многу пречки од талибанциве, но на приватен план ми се посреќи, а наскоро, здравје, ќе бидам и татко. Конечно, најдов женска со толку малку вкус за мажи што прифати да ми биде жена – изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top