Шпанскиот мотоциклист, Хорхе Лоренцо го исполни својот сон од детството и влезе во водите на Формула 1, барем за еден ден. Шпанецот го тестираше моделот од 2014 година, Мерцедес W05 со кој Луис Хамилтон пред две години стана светски шампион.
Шпанскиот возач на Јамаха во Мото ГП сериозно си го сфати овој тест, па најпрво излезе на патеката во болид од Формула 2 шампионатот, за да се навикне на новите функции и контроли. Тестот се одвиваше на патеката во Велика Британија, Силверстоун на која Лоренцо има возено шестпати и има победено во три наврати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.