| четврток, 6 декември 2018 |

Стефан Ристовски разочаран: До кога ќе бараме алиби за лошите резултати?

stefan-ristovski

Нескриено е разочарувањето кај Стефан Ристовски по синоќешниот пораз од Израел во вториот натпревар од квалификациите за пласман на СП 2018 во Русија.

Македонија по првиот дел имаше негатива од 0-2, во второто полувреме успеавме да се вратиме со гол на Несторовски во 63. минута за 1-2, а во 94. минута Адис Јаховиќ не реализираше удар од белата точка.

– Од овие два натпревари во квалификациите досега требаше да имаме четири бода, а ние имаме нула. Штета. Што да кажам. Постојано иста приказна, преку глава ми е да бараме алиби. Наоѓаме оправдувања во секој натпревар, ама резултати нема. И, што корист од нашата квалитетна игра? Во последно време, треба да примиме гол, за да го нападнеме противникот – вели Ристовски, осврнувајќи се сега на тоа што не очекува в недела против Италија.

– Против селекција како Италија, само можеш да научиш и да уживаш во играта. Без разлика на ова што се случи со Израел ќе има мотив во секој од нас за надигрување со големиот фаворит – дополнува Ристовски.

Македонската селекција денеска продолжува со тренинзите на тренинг комплексот „Петар Милошевски“, во пресрет на дуелот со Италијанците. Нема проблеми со повреди, па сите фудбалери ќе бидат во комбинација за настап на дуелот со „азурите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top