Шест месеци по убиството на неговата сопруга Јелена Марјановиќ, таткото на Зоран доживеа инфаркт. Ден претходно почина и неговата ташта.
Полицијата, пак, со месеци истражува кој е виновникот, а во неколку наврати првоосомничени беа челновите на семејството Марјановиќ.
Скршениот сопруг и татко сега ќе оди во манастирот Ковиљ, познат по мудрите монаси. Таму ќе бара одговор на прашањето кој ја уби Јелена и кога ќе прекине низата од трагедии во неговото семејство.
– Верувам дека тие возвишени луѓе ќе ми кажат кој ја уби Јеца – изјавил тој за српските медиуми.
Додека некои зборуваат дека врз семејствата на Зоран и на неговата покојна сопруга е фрлено проклетство, дека е направена црна магија, и дека поради тоа за шест месеци умреа Јелена, нејзината баба и нејзината мајка, Зоран изјави дека не верува во тие приказни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


