ФБИ тајно уапсил еден соработник на Националната безбедносна агенција (НСА) и води истрага дали тој украл и објавил строго доверливи компјутерски кодови.
Тие биле развиени за хакерски упади во мрежата на странските влади, пишува „Њујорк тајм“, повикувајќи се на извори во полицијата.
Западните агенции наведуваат дека се работи за 51-годишниот Харолд Томас Мартин, кој е во притвор од август.
По Едвард Сноуден, ова би било вторпат за три години некој од внатре да украде многу важни инфомрации на НСА, но од поинаква природа од оние кои ги објави Сноуден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


