Контроверзната уметничка инсталација во Берлин, во која лицето на Адолф Хитлер ја осветлува зградата во централната германска престолнина, ги шокираше жителите на тамошниот град, јавуваат локалните медиуми.
Еден возач бил толку шокиран кога ја здогледал таа инсталација, која е изложена во склоп на едномесечниот фестивал на осветлување, што повикале полиција, пренесува сајтот РТ.
Хитлер во едно од 12 познати лица кои се одбрани да бидат во дел од уметничкиот проект на дизајнери на светлечките тела Андреса Белке за учество на фестивалот „Берлин светло“ кој ќе трае месец дена.
Лицето на Хитлер чии очи се поместуваат како да се тркалаат, ја осветлуваат зградата на плоштадот Лајпцигер, додека во позадина се гледаат низа на нацистички знамиња со затемнет кукаст крст.
Инсталацијата е поставена на само неколку стотина метри од бункерот во кој Хитлер во 1945 година го направил самоубиството.
На зградата се наоѓа лицето на озлогласениот шеф на нацистичката пропаганда Џозеф Гебелс, кој вика: „Дали сакате комплетна војна?“.
Истакнувањето на нацистички симболи кои го глорифицираат Третиот рајх во Германија се забранети, но полицијата објасни дека инсталацијата со ликовите на Хитлер и Гебелс добила одобрение, бидејќи станува збор за уметничко дело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел