| четврток, 6 декември 2018 |

„Ејпл“ ќе плати 300 милиони долари за прекршување на патенти

Судот во Тексас ја задолжи „Ејпл“ да плати 302,4 милиони долари на компанијата „ВирнетЕкс“ за нелегалното користење на нејзини технологии. „Ејпл“ ги прекршила правата на два патенти во сопственост на „ВирнетЕкс“, пренесува Блумберг.

Едниот од нив се однесува на технологијата, коja се користи во апликацијата за видео-повици „ФејсТајм“, вториот – системот за индивидуална испорака на видео содржини преку мрежата од мултимедијален сервер, т.н. ВоД.

„ВирнетЕкс“ постојано поднесуваат тужби против Епл. Во 2012 година судот ги призна нивните претензии за оправдани: „Ејпл“ мораше да плати над 368 милиони долари, но Апелациониот суд подоцна ја поништи таа одлука.

„ВирнетЕкс“ се занимава со лиценцирање на интелектуална сопственост и поседува големо портфолио со патенти на различни технологии. Нејзината централа е сместена во државата Невада.

Компанијата и претходно водела тешки дела со големи технолошки гиганти како Мајкрософт и Циско. На пример, компанијата на Бил Гејтс мораше да и плати на „ВирнетЕкс“ 200 милионидолари поради кршење на патентот на технологијата што се користи во Скајп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top