Со голот на Горан Силјановски во судиското надополнување на вториот дел (90+2 минута) Работнички успеа да освои еден бод на првиот натпревар од 9.коло од Првата фудбалска лига против Брегалница. Со овој нерешен резултат Работнички ја прекина серијата од четири порази по ред.
Гостите од Штип поведоа во 62.минута со голот на капитенот Горан Здравков од слободен удар, откако претходно во второто полувреме Работнички не реализира две шанси преку Филип Ивановски и Бојан Најденов (погоди дирек).
На другите натпревари од ова коло утре од 15 часот играат: Силекс – Вардар, Шкендија – Пелистер, Македонија ЃП – Шкупи и Ренова – Победа.
Табела: Вардар 18 бодови, Шкендија 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 11, Силекс 10, Победа 8, Брегалница 7, Шкупи 6, Македонија ЃП 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


