| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавен обид за киднапирање – постара жена се обидела да земе двегодишно дете

Непознато женско лице на возраст од околу 60 години вчера попладнето се обидело да одземе двегодишно дете.

Настанот, според пријавата на мајката А.П. (34), се случил додека таа излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, при што жената се обидела да и го одземе две годишниот син.

-Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот. Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан. Потенцираме дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top