
Офанзивниот фудбалер на шпанскиот гигант Атлетико (М), Антоан Гризман, ја откри вистинската причина поради која на секој натпревар носи дрес со долги ракави. Уште како дете, репрезентативецот на Франција, призна дека е голем фан на легендарниот фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, а по многу години, откри дека заради него на секој натпревар носи дрес со долги ракави.
– Секогаш носам дрес со долги ракави поради Дејвид Бекам. Тој е мојот идол, фантастичен фудбалер. Беше вистинска класа и на зелениот терен и надвор од стадионите. Тоа најмногу ми се допадна кај него. Никој, никогаш немал десна нога, каква што имаше Бекам. До сега сум немал никаков контакт со него, а би сакал да имам средба. Исто така, заради него, на грбот го носам бројот седум, откри Гризман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


