Петар е високообразован скопјанец, кој со години не може да ги залекува траумите од пеколниот брак со жена за која верувал дека е љубовта на неговиот живот. Сè оставил поради неа, но по ужасните физички и психички напади, одлучил да си замине. Ги спакувал најпотребните работи во една торба и буквално избегал од неа.
Ова е неговата исповед:
На факултет запознав паметна, смешна и сексапилна девојка, имаше сè за што сонувал отсекогаш. Другарите ми завидуваа што имав среќа да најдам таква бомба. Таа го напушти факулетот и одеше на некој курс за филм.
Сакаше да се преселиме во Пехчево, сакаше да напуштам сè и да заминема, а јас идиот го направив тоа. Имаше некои проблеми, па верував дека на овој начин сака да започне нов живот.
Оставив сè, работата, домот, пријателите, семејството и се преселивме, но не во Пехчево туку среде никаде во тој крај. Не поминаа два дена кога започна со злоупотребата. Бевме среде никаде, беше брутално, а немав каде да отидам, кому да се пожалам, а таа го знаеше тоа.
Главно, мојот пекол на земјата траеше осум месеци. Преживував емоционално, ментално, физичко и финансиско силување. Таму најдов друга работа, но не видов ни денар од она што го заработив тие седум месеци. Постојано нешто ми замеруваше, велеше дека не вредам, дека сум глупав.
Беше зима и беше многу ладно кога почна претепувањето. Ми удри шлаканица, врескаше, ме гребеше. Се бранев и се тргав од ножевите со кои можеше да ме нападне. Претепан и скршен скакував малку работи откако за малку ќе ме заколеше.
Бидејќи работев од дома, ретко излегував, па ми беше тешко да излезам од дома без да ме забележи. Ја начекав додека работеше нешто во тоалетот и со трчање излегов. Не знам колку трчав, но успеав да дојдам до една продавничка од таму му се јавив на еден другар. Му требаше време да дојде, но дојде и ме врати на сигурно, во Скопје, во мојот дом.
Оттогаш помина година и пол, јас се уште се обидувам да се средам од она што го преживеав, така што играм глупави видео игри, излегувам и се опивам со пријателите. Се обидов и да се соземам, да направам нешто за себе, но искрено, нема ден да не помине а да не се штрекнам дека може да ми се појави на вратата. Исто така, размислувам и што се случи што стана таква, но ведднаш се сепнувам и трчам да проверам дали е заклучена вратата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.