| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Холивуд: Анџелина побара развод од Бред Пит

Најубавата двојка набрзо веќе нема да биде заедно. Како што објави TMZ, Анџелина Џоли поднела документи за развод од Бред Пит, а воедно и бара старателство на сите шест деца!

Парот започна врска во 2004 година, а по десет години подоцна се венчаа. Анџелина ја застапува адвокатот кој го застапуваше Џони Деп во разводот со Амбер Херд. Сепак, таа не бара никаква алиментација од сопругот.

Актерката ги поднела документите минатата недела, односно на 15 септември. Двојката со месеци не се појавува заедно во јавност, а последен пат беа фотографирани заедно на промоцијата на нивниот филм By The Sea.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top