| четврток, 6 декември 2018 |

Иран тврди дека создал невидливо беспилотно летало

bespilotno letalo

Иран денеска соопшти дека создал нов беспилотен авион, способен да изведува разузнавачки мисии и да нанесува удари врз непријателски цели, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на иранските агенции Мехр и Фарс.

Министерот за одбрана, генерал Ахмад Вахиди прециизраше дека авионот, наречен „Хемасех“ (Епопеја) е способен да лета на големи височини и не може да биде откриен од непријателот.

Во последните години Иран разработува програма за беспилотни авиони, паралелно со својата вооружена програма за производство на ракети, авиони ловци, бродови миноносци, лесни подморници и торпеда, забележаа американските медиуми.

Во декември 2011 година Иран соопшти дека фатил ултрамодерен американски беспилотен шпионски авион „Ар Кју-170 Сентинел“, и се зазеде да го „ископира“, потсетуваат агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top