| четврток, 6 декември 2018 |

Откупувачите на шумски производи мора да се регистрираат

Откупувачите на „други шумски производи“ мора да бидат регистрирани и да имаат годишни дозволи за собирање

sumsko ovosje
Како што соопшти ЈП „Македонски шуми”, пријавувањето и регистрацијата се врши во неговите 30 подружници низ Република Македонија каде истовремено се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, контрола и законски обврски во оваа област.

Во тек е и изработка на информативен материјал за користење „други шумски производи“ кој ќе биде достапен за јавноста преку медиумите во градовите и помалите рурални места.

„Македонски шуми“ во 2012 година го формира новиот Сектор за користење други шумски производи и заштита на животната средина – екологија, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Во април годинава Управниот одбор на претпријатието ги усвои сите потребни законски прописи, правилници од областа на користењето други шумски производи. Документите се објавени на веб-страницата на „Македонски шуми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top