Фото: Вест
Екс мис на Македонија, Драгана Клопчевска, и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дарко Гелев-Брејк, чекаат син. Драгана треба да се породи до крајот на јули и вели дека е нестрплива да го види бебето, пренесува Вест.
– Подготвени сме, кој повеќе, кој помалку. Кој со поголемо искуство, кој прв пат како родител, Марко за прв пат – батко. Дарко е горд дека ќе има уште еден син – изјавила Драгана.
Ова е прво дете за екс манекенката, која е косопственичка на центарот за забави и промоции „Сити хол”, додека пак Брејк веќе го има синот Марко од првиот брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


