| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена жена без мозок

24-годишна Кинеска дошла на преглед кај доктор затоа што се жалела подолго време дека има мачнини и напади на повраќање веќе еден месец. Кога ја испратиле на скенер и магнентна резонанца лекарите  се вџашиле. Испаднало дека на оваа жена и недостига цел еден регион од мозокот, церебелум, односно малиот мозок!

mali-mozak002-670x444

Отакако ја испитале, стручњаците дознале дека таа сосема самостојно проодела на седум години, а само една година претходно почнала да зборува. Денеска, гледана надворешно во по потполност е нормално развиена за својата возраст, а во своето семејство нема никој со невролошки недостатоци. Иако не завршила училиште, не делува како да има големи проблеми со интелегенцијата.

mali-mozak001-670x1226

Во историјата на медицината се забележани само 9 случаи кои дожувеале до 24 годишна возраст без малиот мозок кој е мошне важен за моторичките вештини како што се одржување рамнотежа, ориентација во простор, стоење, одење…Лекарите не се сигурни дали таа ќе успее да доживее длабока старост.

Овој случај претставува доказ дека човечкиот мозок е чудо на природата бидејќи поседува неверојатна моќ на прилагодување, односно способност да ги преспои оние невролошки центри кои се оштетени или отстранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top