| четврток, 6 декември 2018 |

Самсунг повлекува 2.5 милиони уреди на Galaxy Note 7

Компанијата Sumsung Electronics денеска ги предупреди своите потрошувачи во Јужна Кореја да престанат да го употребуваат новиот телефон Galaxy Note 7 кој се повлекува од пазарот откако неколку од тие уреди се запалија.

Во соопштението Samsung ги повикува своите потрошувачи да ги посетат блиските продажни места на компанијата за да ги заменат своите телефони.

samsungot-zapalen„Уште еднаш изразуваме длабоко жалење и се извинуваме на конзументите“, се наведува во соопштението.

Во четврток Федералната американска авијација ги предупредува патниците да не ги палат своите уреди Galaxy Note 7s за време на летовите во авионот и да не ги ставаат во своите багажи.

Самсунг планира да повлечи 2,5 милиони уреди на Galaxy Note 7 откако е утвредено дека уредите предизвикуваат пожари за време на прегревањето на батеријата.

Досега компанијата приметила 35 такви случаи. Сите уреди се запалиле за време на полнењето на батериите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top