„На млечниот пат“, таа приказна за љубовта во време на војна е „политички тестамент“, изјави режисерот Емир Кустурица, кој додава дека тоа е и последен филм со кој тој учествува на некоја натпреварувачка фестивалска програма. Кустурица ова го соопшти во Венеција, каде во рамки на 73. Меѓународен филмски фестивал, премиерно беше прикажан неговиот филм.
61- годишниот Кустурица сака да излезе од натпреварувачкиот филмски живот, во кој е важно дали сте победиле или не, додавајќи дека таквото искуство го смета со премногу стресно.
– Тоа не значи дека нема да снимам уште неколку филмови, но повеќе нема да се натпреварувам, рече познатиот режисер.
Тој истакна дека својот нов филм „На млечниот пат“ го нарекува свој „политички тестамент“, затоа што во него споил, како што рече два големи генератори на човечкиот живот – љубовта и војната, изразувајќи жалење што луѓето и натаму масовно се убиваат, 20 години по војните на Балканот, кои и самиот ги доживеал.
– Војната станува речиси метафизичка појава, заклучи Кустурица, додавајќи дека сега сака енергијата да ја посвети на одгледување органско овошје, правење сок на својата фарма, а филмови ќе снима тогаш кога за тоа ќе почувствува потреба.
Филмот „На млечниот пат“, приказна за лекар на линијата на фронтот во време на војна, чиј живот се менува од корен со доаѓање на мистериозна Италијанка, е еден од 20-те филмови, кои се натпреваруваат за наградата Златен лав, која ќе биде доделена денеска.
Кустурица веќе ја освои оваа награда на Венецијанскиот филмски фестивал во 1981 година, со својот прв филм „Се сеќаваш ли Доли Бел“, кога имаше само 27 години.
Италијанската актерка Моника Белучи (51), која во овој филм, покрај Кустурица, кој ја има улогата на млекарот, ја толкува главата улога поради која морала да учи српски, изјави дека длабоко ја допрел тој приказ на љубов меѓу две возрасни личности.
– Тие не можат ништо да загубат, повеќе не се млади, а се уште веруваат во љубовта и магијата, која и натаму е можна. Мораме да мислиме дека љубовта и сексуалноста се поврзани со енергијата, а не со годините, нагласи Белучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Македонија на Венециското биенале со „Ослободување на просторот“
-
Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)