| четврток, 6 декември 2018 |

Почна годишниот аџилак во Саудиска Арабија

Речиси еден и пол милион муслимански верници од Азија, Африка и други делови на светот, го почнаа годишниот аџилак во Саудиска Арабија. Откако лани во човечко стампедо животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе, муслиманските верници ги очекуваат зголемени мерки за безбедност, меѓу кои и носење алка за идентификација.

Десетина илјади шиити од Иран, прв пат во последните 30 години, нема да присуствуваат на овогодинешниот аџилак поради тензии со саудиските сунити. По почетните обреди неделава во големата џамија ов Мека, верниците денеска тргнаа кон Мини, неколку километри источно, одејќи по стапките на пророкот Мухамед пред 1.400 години. Некои одат со автобуси, додека некои пеш на температури кои надминуваат 40 степени.

Хаџот е еден од петте столбови на Исламот и секој муслиманин кој е физички способен треба да присустува барем еднаш во животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top