Изминатиот викенд во Битола се одржa Генератор форум за вмрежување на компании и
експерти од областа на креативните индустрии на кој присуствуваа претставници од
областите на креативните индустрии од областа на филмот, музиката и дигиталните бизниси
од Македонија и од регионот.
Форумот го организираше Медиа Солутионс во парнерство со Здружението за нови медиуми и
интернет Инмедии Македонија Скопје. Присутните беа запознаени со областите што треба да се
развиваат за македонските креативни бизниси за да фатат приклучок со светските трендови.
Се разговараше за начинот како би се здружиле взаемно да си помогнат, какви обуки треба да се
организираат и какви други видови услуги би требало да нуди идната мрежа за соработка која ќе
прерасне во инкубатор/акцелератор за креативни индустрии наречен Медиа Солутионс
Генератор.
Медиа Солутионс во своето истражување на пазарот на креативните индустрии во Македонија,
увиде дека бројот на дигитални креативни бизниси се зголемува, но дека им недостига
експертиза во креативните активности и поддршка во бизнисот.
Во својата анализа на пазарот на креативни индустрии во развиените држави, утврди дека
таму функционираат акцелератори/инкубатори коишто им нудат поддршка на луѓето кои
имаат добра идеја и почнуваат нов бизнис. Овие акцелератори нудат насоки за водење на
бизнисот, контакти со сродни компании за формирање на хоризонтален маркетинг систем и
програма на настани за креативните бизнис индустрии како што се музиката, филмот, гејминг
индустријата и другите дигитални креативни индустрии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


