| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Илиевски во Работнички

FIBA EuroBasket 2015

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Владо Илиевски, најверојатно ќе го облече дресот на најтрофејниот клуб во нашата земја, Работнички. Тој веќе неколку дена е дел од тренажниот процес во тимот од “Градски парк”.

Плејмејкерот минатата година беше дел од италијанскиот тим Капо Д’Орландо, но не успеа да се договори за продолжување на договорот, па моментно е без ангажман, што широко ги отвара вратите за негов премин во “црвено-белите” редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top