| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ спреми 75 милиони евра за Дракслер

draxler

По слабите игри на почетокот на новата сезона и вчерашниот пораз од конкурентот во Франција, Монако, ПСЖ сака да го заврши преодниот рок со едно големо засилување.

Се работи за Жулијан Дракслер од Волфсбург кој овој трансфер период се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Јувентус и со Арсенал. Самиот Дракслер побара од Волфсбург да биде продаден во еден од клубовите што го бараат, но, поради своето настојување тој беше казнет со 100 000 евра.

До крајот на преодниот рок останаа само два дена, па ПСЖ се обидува во последен момент да дојде до квалитетен напаѓач, за кого не жали дури 75 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top