Доделувањето на музичките награди „Даф Бама“ се одржа во саботата вечерта во „Баркликард арена“ во Хамбург.
Во македонскиот тим предворен од Миланка Рашиќ беа Даниел Кајмакоски и Елена Ристеска.
Нашата поп-пејачка Елена Ристеска, како Даниел Кајмакоски во машка конкуренција, се закити со статуетка за најдобар изведувач од Македонија во женска конкуренција.
Даниел Кајмакоски, кој беше поканет да настапи како претставник на Македонија и беше номиниран за најдобар машки изведувач и за наградата од публиката за најдобар изведувач, ја освои наградата за најдобар изведувач од Македонија. Кајмакоски беше номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.
Thank you Daf Bama Music Awards 🙂 #hamburg #germany #bestmacedonianact
A photo posted by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on
Елена беше поканета од организаторот како најдобра пејачка од Македонија.
A photo posted by E L E N A (@elenaristeskaofficial) on
-Мора да признаам дека ми е огромно задоволство што добив покана и што ќе учествувам и ќе ја претставувам Македонија. Видов дека досега на овој фестивал имаат настапувано повеќе познати изведувачи од многу земји – изјави Елена.
Ова се сите добитници на регионалните музички награди „Даф Бама“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.