39 учители од музичко училиште во Манчестер се под истрага за сексуално злоставување на ученици, јавува Гардијан.
Против десет од нив ќе бидат поднесени кривични пријави поради сексуално злоставување и силување малолетници.
Обвиненијата се однесуваат за период од четириесет години. Иако пријави ќе има само за десет учители, истрагата опфатила 39 музички педагози. Истражителите до сега разговарале со 30 жртви, но се очекува бројот да биде поголем.
Аферата е откриена откако Мајкл Бруер, поранешниот директор на музичкото училиште бил прогласен виновен за сексуален напад на ученичка. По неа, многу други поранешни ученици проговориле за злоставувањето во училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


