| четврток, 6 декември 2018 |

Засега никој не сака да гради ски-патека на Водно

Никој, барем засега, не сака да гради ски- патеки на Водно, јаува „Алфа телевизија“. До крајниот рок на повикот на Град Скопје за партнер за проектот, денеска на пладне, не стигна ниту една понуда.

– „ Во предвидниот период не пристигна ниту една понуда за ски патека на Водно.Град Скопје дополнително ќе реши дали ќе ја повтори постапката.“ – велат од Град Скопје

Повикот на Градот за јавно- приватно партнерство за Ски- патеки на Водно предвидуваше- инвеститор да го добие на стопанисување земјиштето околу врвот на скопската планина на 25 години. За возврат обврските на приватниот партнер беа- да го изгради комплексот со четири ски патеки, три ски лифта, административен објект, ски- школа и други содржини но и да префрла 1% од годишниот приход во Градската каса. Условите во тендерот беа пропишани по претходна студија за која Град Скопје плати 165 000 евра на австриски Суфаг Спорт во 2011-тата.

Ски патеките на Водно досега беа тема за која има поделени мислења. Противниците аргументираа дека повторно ќе се уништува зеленило но и дека проектот не е исплатлив поради климата и малите количини на снег. Подржувачите пак сметаа дека недостатокот може да се надополни со вештачки снег, но и дека зиме многу скопјани се рекреираат на планината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top