| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден: Коментарите на Трамп за НАТО не треба да се сфатат сериозно

bajden

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска им порача на балтичките држави дека САД ќе го почитува ветувањето оти НАТО ќе ги штити и истакна дека комантарите на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп не треба да се сфаќа сериозно. Бајден, кој е во посета на Летонија, им порача на балтичките земји дека САД се посветени на Договорот на НАТО и Членот пет.

Посетата на Бајден на Летонија е во моментот кога се зголемени тензиите со Русија и во регионот, а Трамп изјавува дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да се откаже од одбраната на сите земји­членки на Алијансата. Тој денеска ги отфрли коментарите на Трамп и нагласи дека САД се силно посветени на НАТО. ­

– Тоа што повремено го слушате од претседателскиот кандидат на друга партија… не е ништо што би требало сериозно да се сфати, посочи Бајден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top