| четврток, 6 декември 2018 |

Потресни детски судбини во Сирија- Солзите за нив брзо пресушуваат (видео)

Искрвареното и прашливото петгодишно момче, кое беше извлечено од рушевините по разорните воздушни удари на Алепо, ги преплавија медиумите и социјалните мрежи и како што наведуваат, станаа симбол за војната во Сирија. Се вика Омран Дагнеш, има пет години и живее со мајка му, татко му братот и сестрата во сирискиот град Алепо кога куќата му беше уништена во воздушните удари на руските и сириските сили. Сите негови семејни членови се повредени.
Слична ситуација се случи и лани, кога мртвото тело на малиот Алјан Курдиј исплива на брегот на Турција. До загрижување на јавноста дојде кога почнаа да кружат фотографиит и видеата на неименуваното сириско момче, видно изгладнето, кое буквално изгледа како коска и кожа.
Сепак, критичарите од западот укажуваат дека и покрај ваквите ужасни слики кои будат силни емоции во светот, сепак, солзите за нив брзо пресушуваат, внимнанието се насочува кон други случувања, а војната се уште плете ужасни судбини. И тоа е така се до некоја нова видео снимка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top