| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија 3.000 луѓе годишно го менуваат името

Околу десет жени секоја година, кои во минатото го носеле името Олга, денес сега се викаат Светлана. Мажите, пак, се прекрстуваат во Марко, Живорад или Зоран. Речиси 3.000 луѓе во Србија, од различни причини за помалку од 2.000 динари го менуваат личното име, презиме или и двете, пишува „А1 он“.

Најчесто се работи за жени, кои после развод сакаат да го вратат своето фамилијарно презиме. Постојат и случаи кога луѓе се одлучуваат да го променат името, бидејќи пред тоа направиле промена на пол. Се’ до минатата година вавките барања биле одбивани, но после одлуката на Уставниот суд во корист на една жена која станала маж, вакви проблеми веќе нема.

Во 2012 година на територија на 21 матично подрачје во Белград се поднесени 1.700 барања за промена на личното име, од кои само едно поради промена на полот. Кога лицето ќе добие ново име, решението за промена го доставува до матичната книга за родени и полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top