Хумористичната серија „Пријатели“ не му била воопшто забавна на актерот кој оваа година ќе наполни 50 години.
За „The Hollywood Reporter” Дејвид Швимер открил дека серијата која го прослави му го уништила неговиот приватен живот.
-Беше прилично напорно и ги уништуваше моите односи со другите луѓе со години, колку што ми беше потребно за да се прилагодам и да ми стане пријатно- рекол тој.
Со оглед на тоа што непрестано бил во центарот на вниманието, бил неспособен да напредува и да го обликува својот талент.
-Учен сум како актер дека мојата работа е да го набљудувам животот и другите луѓе, па шетав со крената глава, навистина вклучен во сето тоа и ги гледав другите. Ефектот на славата беше целосно спротивен, поради него сакав да се скријам под капа за бејзбол и никој да не ме види. После некое време сфатив дека повеќе не ги набљудувам луѓето. Се обидував да се скријам- раскажал Дејвид.
Тогаш ја изгубил контролата.
Се обидував да сфатам како да бидам актер во овој нов свет, во новата ситуација? Како да ја извршувам мојата работа? Тоа беше тешко“, рекол актерот.
Единственото олеснување му биле проектите кои немале врска со „Пријатели“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.