Организирана е итната медицинска помош и во Стајковци, во Арачиново и Сингелиќ, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во посета на Стајковци.
-Ангажирани се медицински лица кои им помагаат на граѓаните. Дезинфекција е направена на 20 милиони метри квадратни, но континуирано ќе продолжи и доколку нема потреба поради сигурност и превенција. Направена е и дезинсекција, со цел да се оневозможи ширење на болест, изјави Тодоров.
Тој додаде дека три лица се згрижени на Инфективната клиника.
-Потребно е да се направи изолација од местото каде што живеат. Здравествениот систем даде добар одговор на настанатата ситуација. Ангажирани се и 400 соработници од министерството за здравство, а во кризниот регион има патронажни тимови кои вршат посети, а обезбедени се и лекови, има и аптека. Сите лекови кои често се користат, особено оние кои се потребни за болести и вознемиреност која може да настане при вакви ситуации, се обезбедени. За некои поретки истиот ден се обезбедува од лекот од кој во моментот нема залика, изјави Тодоров и додаде дека секој ден има владина седница за поплавите и се сумираат информациите за сработеното и санацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.