| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Шведска: Хулиган влета в терен и го нокаутираше гостинскиот голман (видео)

Вчера од Шведска ни пристигна скандалозна вест, која потврдува дека хулиганството е присутно и во таа држава. Во финишот од натпреварот од 19. коло на шведската лига меѓу Јончепинг и Остерсунда еден маскиран хилиган влета в терен и го повреди гостинскиот голман Алиј Кеита.

За среќа брзата реакција на обезбедувањето на стадионот спречи поголем инцидент, а хулиганот за кој подоцна се утврди дека е 17-годишник веднаш беше изнесен од стадионот. По овој инцидент натпреварот беше прекинат при резултат 1-1.

– Шокиран сум и бесен. Страшно е што вакво нешто може да се случи – изјави гостинскиот голман по мечот.

По овој тежок инцидент се огласи и портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Шведска кој додаде дека хулиганот по апсењето се заканувал дека на стадионот претходно поставил бомба.


Huligan stormar planen – attackerar Östersunds… by situacijeliga

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top