| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе линии на ЈСП ќе бидат скратени или редуцирани

Поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани, соопштија од ЈСП Скопје.

Таквата промена ќе важи за следниве линии:

– линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;
– линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;
– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;
– линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа
– линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;

Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top