| четврток, 6 декември 2018 |

Живеат како мравки: затворениците спијат на смени, а место на ќебето е луксуз

zatvor

Затворот во приградската населба Куерзон во Манила, Филипини е преплавен со стотици затвореници кои немаат место ни за спиење, откако актуелниот претседател Родриго Дуерте ја превзел власта. Активистите за човекови права и верските институции се загрижени за состојбата во оваа казнена институција која ја опишуваат како “човечки мравјалник”.

Воздухот е застоен и се чувствува потта на затворениците. Мажите се напикани во простории во кои нема место за спиење, па на смена ги одмараат главите на подот или на некое друго место. Многумина овој затвор го нарекуваат пекол, пишува британски Дејли Мејл.

Гужвата во затворите ширум Филипините настанала со доаѓањето на претседателот Дуерте на власт. Тој во предизборната кампања ветил дека ќе ја исчисти државата од дрога и криминал, како и дека ќе погуби повеќе од 100.000 злосторници во првите шест месеци од превземањето на власта. Од неговата победа во мај оваа година се убиени повеќе стотици наводни криминалци, некои од страна на полицијата, а некои од страна на одмазници.
05

– Не можат да размислуваат нормално. Толку е пренатрупано. При најмало движење наидувате на нешто или некого. Се спие на смени, а не ретко доаѓало и до тепачки за место на посланите ќебиња, вели еден од затворениците.

Зградата на затворот е изградена пред 60 години и дизајнирана да собере околу 800 затвореници. Сепак, денес во неа има пет пати повеќе луѓе – повеќе од 3.800.

04

03

02

01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top