Дарио Шариќ погоди само еден шут од поле на целиот натпревар против Шпанија, но големината на врвните играчи е во тоа што и кога не им оди во нападот, знаат да бидат корисни за колективот. Доказ за тоа е и фантастичната блокада на младиот Хрват кој го „приземји“ шпанскиот ас Пау Гасол со блокада на една секунда до крајот, со што им ја донесе фантастичната победа на „коцкестите“ над „црвената фурија“.
Погледнете ја извонредната игра во дефанзива на новиот член на Филаделфија, клучен момент на овој суперинтересен натпревар.
NOOOOO NOT TODAY PAU, Not today! https://t.co/DGBGuPrlCv
— Josh Eberley (@JoshEberley) August 7, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.