| четврток, 6 декември 2018 |

За првпат во Македонија: Натпревар во фрлање на фризби

Викендов во Демир Капија се организира првиот Фризби-фестивал за сите љубители на фризбито. Големата забава ќе се случува во Градскиот парк, каде што е обезбедена и камп-зона за оние кои сакаат да кампуваат со сопствени шатори.

Организаторите, демиркапискиот спортски клуб „Клисура“, велат дека секој може да биде дел од големата забава што ќе се случува в сабота и недела, 6 и 7 август“ на Градскиот парк.

За сите присутни се планирани бројни активности како: фризби-голф, погодување мета со фризби, ’ултимејт‘ фризби натпревар. Покрај дискусијата за фризбито во Македонија, на програмата в сабота се обучување и вежбање. В недела се предвидени игри со фризби во тимови во соседно Неготино.

За сите гости на фестивалот, ќе биде обезбедена бесплатна храна како салати, грицки, кашкавал и други додатоци. Гостите ќе може да вкусат добро вино и во секое време ќе им биде достапна лимонада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top