Едгардо Бауза е изборот за нов селектор на Аргентина, откако тренерот на Сао Пауло утрово и официјално беше именуван за наследник на Тата Мартино на чело на „гаучосите“. Иако претходно беа најавувани позвучни имиња (Симеоне, Покетино и Сампаоли), тројцата ја одбија понудата поради обврските кон своите клубови, по што челниците на арентинскиот фудбал се свртеа кон „планот Б“, разговараа со неколку стратези кои работеа на јужноамериканско тло – и го избраа Бауза пред „финалистите“ Мигел Русо и Рамон Дијаз.
– Го избравме Едгардо Бауза за нов селектор на репрезентацијата. Разговаравме со неколку тренери, но на крајот изборот падна врз Бауза. Рој ќе дојде во Аргентина в петок, по што ќе разговараме за останатите детали, како и за тренерите кои ќе бидат вклучени во новиот стручен штаб – изјави Армандо Перез, претседател на фудбалскиот сојуз на Аргентина.
Бауза (58 години) доаѓа на чело на „гаучосите“ од клупата на бразилскиот клуб Сао Паоло. Станува збор за искусен тренер кој во кариерата има освоено два трофеи во Копа Либертадорес, со Квито во 2008 и со Сан Лоренцо во 2014.
Новиот селектор ќе дебитира на клупата на Aргентина на 1 септември, на дуелот Уругвај, а пет дена подоцна „гаучосите“ ќе се сретнат со Венецуела, две средби во рамките од квалификациите за СП 2018 во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Хрватскиот селектор: Ако станеме светски прваци, никој нема да работи до септември!
-
Табарез повеќе не е селектор на Уругвај
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал