| четврток, 6 декември 2018 |

Мир во српската репрезентација, Теодосиќ не е посериозно повреден

teodosic

Српските кошаркарски фанови можат да здивнат откако беше обелоденето дека повредата на Милош Теодосиќ заработена на пријателскиот меч со Аргентина не е од посериозен карактер, па одличниот плејмејкер ќе може да ја предводи својата селекција на ОИ во Рио де Жанеиро.

Теодосиќ настрада при еден дуел со Кампацо и повеќе не се врати на теренот, но лекарските прегледи покажаа дека станува збор само за набивање на прст на шутерската рака, но не и било каква скршеница. Ова значи дека членот на ЦСКА за неколку дена ќе може да игра со полна пареа, па нема никакви дилеми дека тој ќе биде подготвен за настап на стартот од Олимписките Игри.

Теодосиќ ќе го пропушти денешниот натпревар против Хрватска на турнирот во Аргентина, а најверојатно истото ќе биде случај и со Немања Недовиќ, кој се мачи со незгоан повреда на тетивата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top