| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен педофилот што го силуваше девојчето во Карпош

За неполни три дена, полицијата го откри и уапси непознатиот човек кој силуваше 12-годишно девојче во гаража близу Млечниот ресторан во скопската населба Карпош.

Насилникот, чие име не е соопштено, а за кој девојчето верува дека има околу 40 години, му е одреден едномесечен притвор.

Силувањето на дванаесет годишната ќерка во полиција го пријави В.П. Девојчето возејќи велосипед во населбата, во еден момент застанало до непознатмаж, кој одел пеш, и од него побарало 20 денари. Човекот и рекол дека ќе и даде, но ако со него дојде до блиската гаража. Верувајќи му на чичкото, девојчето тргнало со него. Наместо 20 денари, „дарежливиот“ човек и дал 500 денари и потоа брутално ја силувал во гаражата. На заминување и се заканил да не кажува никому ништо.

Девојчето, сепак, и раскажало се на мајка си, која случајот го пријавила во полиција, а набрзо педофилот е уапсен и ставен зад решетки. Тој ќе одговара за кривично дело-полов напад на дете кое не наполнило 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top