Објавениот список на гласачи за кои треба дополнителна проверка, односно активна регистрација предизвика различни реакции во јавноста.
Две од трите ќерки на професорката Биљана Ванковска се меѓу „фантомите“ на СДСМ
-Хахаха! Двете постари ќерки ми се „фантомски“ гласачи, а најмалата не е! Ведрана извади пасош во март месец, ама сега и бараат скен да потврди дека е вистинска 🙂 Бог да чува! Фала ви сакани политичари 😛 Па барем да имаме за што и за кого да гласаме, напиша Ванковска на Фејсбук.
Најчевска, пак, гневот го истури кон ДИК, и најави дека нема намера да се „вуцара“ да се докажува дека постои па и дека нема намера да гласа. Дури наведува дека е вознемирувана и дека бара соодветна казна. Само не наведува дали посакува соодветна казна и за СДСМ на чие барање ќе треба да се „вуцара“ и она и редица други гласачи кои треба да се докажуваат дека постојат.
Како што е познато, меѓу оние кои ќе треба да покажат дека не се „фантоми“ има и други познати „борци“ во опозицијата.
Дури и еден поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, ќе биде писмено известен од ДИК, дека ако сака да гласа ќе мора да докаже дека не е фантом.
Фантоми се поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев и неговата мајка.
Заменичката на Заев, Радмила Шекеринска, која ја претставуваше СДСМ на преговорите, може да ја однесе сестра си да докаже дека не постои и да и објасни најсестрински зошто и таа е во групата „фантоми“.
Новинарската „Тупаница“ на СДСМ Ерол Ризаов пак до подрачната единица за пријавување ќе оди со својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Објавен редоследот на партиите на гласачките ливчиња
-
Подготвувате свадба? Од овие луѓе исчистете го свадбениот список…
-
Околу 5.000 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните на ДИК