Фотографии од уништената Сирија, тела на загинати цивили и деца редовно се објавуваат во медиумите, но странските медиуми покажаа и една друга, поинаква слика на Сирија. На плажа во градот Латакија повеќе стотини млади уживаа во забавата на песок.
Мажи и жени заедно танцуваат и сè потсетува на сосема нормална забавна на млади какви што често гледаме на Запад.
Забавата почнала со пијачки и капење во морето, а по заоѓањето на сонцето, вклучени се рефлектори и почнала музиката.
Овој дел на Сирија сосема се разликува од северените делови на државата во кои беснее војната. Латакија е 160 километри одалечена од Алепо, кој е под опасада веќе две недели. Луѓето гинат секој ден, а немаат пристап кон храна и лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.