Една здравствена компанија го претстави топломерот кој не користи неинвензивни методи за мерење температура кај децата. За разлика од традиционалните топломери, доволно е само со него да поминете преку челото, а може да ја покаже температурата и ако е одалечен еден сантиметри од кожата.
Топломерот има облик на подебел молив и има 16-инфрацрвени сензори за брзо мерење на најтоплите подрачја. Иако може да се користи за сите возрасти, на пазарот се појави пред се заради бебињата и децата кај кои претходно температурата се мереше ректално.
Читање на температурата се постигнува по пат на алгоритмот кој ги зема предвид температурата на околината и топлината на кожата. По мерењето температура, топломерот вибрира за да ја предупреди корисниците дека читањето на температурата е завршено.
Топломерот испраќа повратни информации во боја – зелената боја е за нормална температура, портокалова боја за зголемена температура и црвена за висока температура.
Исто така користи и ви-фи за поврзување со апликацијата која ја следи температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст