Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.
Воедно, Министерството за надворешни работи известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.
За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, од министерството порачуваат да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија
Лице за контакт: Блерта Сали
Мобилен телефон: +491 763 063 50 87
Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


