
Македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации, д-р Срѓан Керим, по првиот круг гласање во Советот за безбедност, влезе во најтесен круг, веднаш по поранешниот португалски премиер и висок комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутјереш и поранешниот словенечки претседател Данило Тирк. Со ист број гласови како Керим се и Ирина Бокова од Бугарија и поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, кои исто така се пласираа во финалниот избор, објавуваат светските медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати.
За челната позиција во Обединетите нации годинава има 12 кандидати. Кандидирани се шест мажи и шест жени, а должноста според географската ротација би требало да припадне на кандидат од Источна Европа. Многумина се залагаат тоа да биде жена, што би било првпат.
На вчерашното тајно гласање 15-те членки на Советот за безбедност имаа три опции: да се охрабри, да се обесхрабри или да не се изрази никакво мислење за некој од 12-те кандидати. Сепак, ова е само првиот чекор од постапката. По овој прв круг на гласање по кој неколку кандидати избиваат на чело додека други остануваат на дното, ново гласање ќе има следната недела во среда.
Петте постојани членки на Советот за безбедност, (САД, Обединетото кралство, Кина, Франција и Русија) имаат право на вето дури и за најдобро пласираниот кандидат. Финалниот избор ќе биде проследен до Генералното собрание на ОН во септември или октомври. По два петгодиншни мандати на колку што е ограничена оваа функција, мандатот на Бан Ки-мун истекува на крајот од годинава, а одлуката на Советот за безбедност за избор на негов наследник се очекува нешто порано од крајниот рок.
Македонскиот кандидат, д-р Срѓан Керим е поранешен шеф на дипломатијата на земјава во 2001 и 2002 година, кога беше и претседавач со Југоисточно Европската Инцијатива за соработка. Во овој период Република Македонија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Потоа Керим беше назначен за амбасадор и постојан претставник на Република Македонија во Обединетите Нации во Њуjорк до 2003 година, а од 2007 до 2008 беше претседател на 62-рото Заседание на Генералното Собрание на ОН. Од 2008 година д-р Керим е член на Советот на поранешни претседатели на Генералното Собрание на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


